Локација: Сервис > Трактори
Сервис на трактори
Kога станува збор за репарирање и ремонтирање на трактори несомнено Јанаки Комерц го зазема првото место во Република Македонија и пошироко. Нашите репарирани трактори се вистинскиот избор за вашиот земјоделски бизнис со што добивате поголем квантитет и квалитете на вашите земјоделски производи. Покрај продажбата на репарирани трактори во нашиот сервис вршиме високо квалитетно и репарирање и ремонтирање на ваши половни трактори.
Како дополнување на нашата понуда вршиме продажба на резервни тракторски делови како и резервни делови за сите патнички и товарни моторни возила со врвен квалитет.

Сервисот на Јанаки Комерц се наоѓа во индустриската зона на влезот во Кавадарци и се простира на површина од 2500м2. Во сервисот се сервисираат, репарираат и ремнотриаат трактори од програмите на MASSEY FERGUSON, IMT, FIAT, TORPEDO, TOMA VINKOVIC... Репарираните трактори се со висок квалитет и издржливост. Јанаки Комерц врши и продажба на ремонтирани трактори со едногодишна гаранција.